Дома Балкан Милош не е како многумина млади: Реши да не бега од државата...

Милош не е како многумина млади: Реши да не бега од државата и се оддаде на занаетот

Милош Игњатовиќ има 22 години, а веќе 3 години е претприемач, пишува српски Телеграф. Додека младите бегаат од занает, тој се одлучил да се занимава со оваа работа.

Од мајсторот каде одел да го научи занаетот добил машина, купил алат, нашол дуќан и почнал да работи, а прави обувки. Вели дека на ваква идеја дошол затоа што кога бил во средно морал да оди на занаетчија за да му ги среди копачките со кои играл фудбл.

Државна помош не добил, тоа го разочарало, но во шест квадрати простор почнал да работи.

Месечно има трошоци околу 200 евра, за кирија, придонеси, даноци, плус вода, струја, но ова младо момче вели дека од занаетот има пристоен живот.

„Работа има цела година, некогаш повеќе, некогаш помалку“, вели тој.

Игњатовиќ вели дека е убаво чувството кога ќе види дека луѓето трудот го препознаваат и ценат.