Дома Македонија Македонија се празни, младите велат: Да можеме, уште сега би заминале

Македонија се празни, младите велат: Да можеме, уште сега би заминале

Иселувањето како глобален тренд е голем предизвик за економски кревката држава која ја напуштаат или планираат да ја напуштат сѐ повеќе луѓе, пред сѐ млади. Промени се можни, но само со сериозни реформи.

Се едуцираат или работат дома, а постојано зборуваат за надвор. Системските промени можеби ја направија Македонија малку подобро место за живеење, но сѐ уште недоволно за анулирање на деценискиот проблем -иселувањето. Сонот за подобар живот на Запад и натаму е топ-приоритет во планирањето на иднината на поголем дел од младите, но и постарите во државата. Во колкава мера, човек може да се увери од една обична анкета на која било локација. Дојче веле ја направи пред Универзитетскиот кампус во Скопје, каде ги прашавме студентите што мислат околу трендот на иселување:

„Што мислам за иселувањето? Да можам, уште сега би заминала на некој универзитет во странство, но без стипендија тоа е невозможна мисија, барем за мене. Не дека не сум за да останам тука, но можностите и условите знаете какви се. Едукацијата ми е приоритет и би сакала да можам да се доусовршам надвор, имам планови, но здравје, ќе видиме“, вели Сања, студент на економски науки.

„Па не знам, сега засега сум овде и не ми е лошо. Но секако дека би било интересно да се замине некаде каде има подобри услови и стандарди за живот. Но лично за мене тоа не е некој голем предизвик. Барем засега. Но, како велат, никогаш не вели никогаш“, коментира Никола, студент на Правниот факултет.

Целата сторија проследете ја на „Дојче Веле“.