Дома Балкан Хереро: Нема да има ЕУ интеграција, туку нова Југославија без Хрватска и...

Хереро: Нема да има ЕУ интеграција, туку нова Југославија без Хрватска и Словенија

Шпанската експертка за ЕУ, советник во Европскиот парламент и новинарка Берта Хереро најавува дека Европската Унија по вчерашната блокада за Македонија и Албанија има многу посериозен став и план за проширувањето од обично одложување за неколку месеци.

“Прво беше јуни, сега октомври. Но нема да биде. Франција, Холандија и други опструкционисти само купуваат време за официјално да го убијат процесот (на проширување).

Нивната стратегија е: Укини го портфолиото за проширувањето во идната Европска Комисија и оди со “Балканско партнерство”. Предавство на вредностите на ЕУ”, пишува Берта Хереро една од највлијателните новинарки и аналитичари во Брисел.

Извор: Експрес