Дома Балкан Борисов: Ние Македонија ја дигнавме до небо – тие мораат да ја...

Борисов: Ние Македонија ја дигнавме до небо – тие мораат да ја смират анти бугарската реторика

Десетина денови, Македонската и Бугарската јавност ја бранува улогата на Гоце Делчев и неговата национална определба. И додека националисти од двете страни држат тврди позиции, историчарите се согласни дека ваквите личности се важни за двете држави, а можат да бидат и за трета.

Премиерот на Бугарија Бојко Борисов, вчера во изјава за новинарите се согласи со овој факт и дополни:

-Тие имаат многу нешта да поправат. Да не ме разберете погрешно, но додека се спори дали Гоце Делчев е Бугарин или Македонец – такви ситни приказни за некои херои кои очигледно биле и за Бугарија и за Македонија, за родниот крај, а нашите најдобри песни се поврзани со нив. И опозицијата постојано ме прашува што прави комисијата. Нека зреат – рече Борисов.

Тој уште дополни дека Бугарија направила многу за Македонија, ја дигнала до небо. Сега Македонија треба да ја смири анти бугарската реторика и да постигне компромис во меѓудржавната комисија.