Дома Македонија (ВИДЕО) Тасевски до Викторче: Дечко се закануваш на цел народ и на...

(ВИДЕО) Тасевски до Викторче: Дечко се закануваш на цел народ и на државата во која живееш

Loading...

Статус на Сашо Тасевски:

Викторче Канзуров, тоа што работиш кај другарче за скромна плата, не е никакво оправдување за тоа дали си платеник на една странска тајна служба со задача да го подриваш македонското национално ткиво и свест. Оти тие тајни служби не ги уплаќаат хонорарите на трансакциона во банка, туку НА РАКА зашто тие пари им се од црни фондови. Пази, јас не велам дека си нечиј платеник, чисто контемплирам на тема тајни служби и исплата на нивните соработници.

Викторче… Што е тоа што те тера десет пати во емисија да повториш дека Прличев, Жинзифов, Климент, Наум биле Бугари. Не си сигурен у тоа, па мора да го шлајфуеш? Чичко Фројд што би рекол на тоа? Или така треба, за да ни влезе во глава? Што ти се вика Обука, а?

Велиш нема напред за нас Македонците додека не сме го признале дека Гоце со другарите биле Бугари. Дечко па ти ги повторуваш ставовите на Захариева и Каракачанов. Му се закануваш на цел народ, и на државата во која живееш. И сакаш некој да те сака и да те вика по емисии? Фак оф бе!

Музички поздрав до Викторче и сите што сакаат да го збришат македонизмот. Со нивни камен… Песна де.

Публикувахте от Sasho Tasevski в Четвъртък, 20 юни 2019 г.

Бугарската национална преродба почнала во Македонија? Нормално, сте имале држава институции моќ, сте пробувале да приграбите и асимилирате, Македонците немале држава и никаков одбрамбен механизам да ви се спротивстават на субверзиите. Сте им переле мозок. Скопје било селендра, попаметните деца од источна Македонија каде можеле да студираат освен во Софија, им била на 120 километри од куќата. Белград е многу подалеку, затоа учеле бугарски школи и биле уште поотворени за перење мозок.

И како тоа сите се ваши? Идејата за македонизмот, партизаните ја смислиле според тебе. Коминтерната србославска и антибугарска? Според тебе, од небо им паднала идејата, ај ќе се наречеме Македонци за да ги нервираме Бугарите?
Морало да постои зрно за неа, посадено децении претходно, пиле мое. Е тука пак се навраќаме на оние кои велиш самите се нарекувале Бугари.

Што ако тоа го правеле за да останат под радарот, да не ги изгубат работните места, платата… Многу од нив присилно биле мобилизирани во бугарската армија, како други што биле мобилизирани во онаа на кралството Србија. Се тепале брат против брат во балканските војни и светската прва. И ова ќе го порекнеш? Македонците биле под бугарска и српска окупација. Со нив сте правеле што сакате. Сте ги меселе ко тесто.

Ама ете, тоа зрното изртило, дало плод, самоодржлива македонска свест и идентитет и стварно не ни требаат појави ко тебе да ни кажуваат кои сме и што сме…

Или србомански кажано… ОДЈЕБИ У СКОКОВИМА

Loading...