Дома Балкан Што им стана на полицајците во Грција – ме казнија за ништо,...

Што им стана на полицајците во Грција – ме казнија за ништо, ми го расипаа одморот

Триесет години одам на одмор во Грција, ама како што е годинава, никогаш не било. Обично, Грците летно време не чепкале во сообраќај, да казнуваат и такви работи.

Во Грција ме казниле два пати, ама вон сезона, еднаш за погрешно паркирање и еднаш за неносење појас. Ок, сум згрешил. Но ова што ми го направија вчера, навистина нема смисла.

Возам накај Халкидики, околу 11 часот наутро. Пред мене колона од неколку возила, а напред пред нив полициско возило. Ограничувањето на делницата беше 70, а тие возеа 50.

Моето возачко искуство ми кажуваше дека нема што да возам по нив, бидејќи возат под ограничувањето. Што ако се полиција. Но, да не ти било така.

Дадов лев жмигавец и ги претекнав колите пред мене, а со нив и полициското. Само што излегов напред, уклучија ротација, дадоа гас, ме претекнаа и ме стопираа. Јас во ниту еден момент не прекорачив 70.

Излегов спремен да се расправам, прашувајќи зошто ме застанаа. Направи прекршок, ми велат. Каков?

-Напред возевме ние, а ти не претекна. Можеби не го знаеш законот, но во Грција кога напред вози полициско возило, не смееш да го претекнуваш, ми рекоа полицајците. И ме казнија.

Кај нас не е таков законот, не сум знаел, а нив секоја им чест што ми го расипаа одморот. Ама еве ви пишувам за да знаат други да не се изгорат.

Името и презимето познати на редакцијата. Авторки текст, не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Балкан.