Дома Македонија Немаме доволно амбулантни возилa, но затоа пак Владата ќе купува хеликоптер за...

Немаме доволно амбулантни возилa, но затоа пак Владата ќе купува хеликоптер за итна помош

Хеликоптери ќе се вклучат во системот за итна медицинска помош, соопшти портпаролот на владата Мухамед Хоџа.

Оваа одлука ја донесе Владата на последната седница со што ќе се овозможи брза интервенција за итните случаи.

Владата на последната седница го донесе новиот текст на Решението за формирање комисија за спроведување постапка за доделување договор за јавно приватно партнерство за современа модерна организација – хеликоптерски итен медицински систем и хеликоптерски услуги за пребарување и спасување.

„За само половина час може да биде транспортиран пациент до нашата установа од кој било крај на земјата, а за тој период ќе му биде пружена соодветната помош и интервенција доколку тоа е неопходно“, вели Костов.

Градската општа болница „8 Септември“ ќе биде првата државна медицинска установа со сопствен медикоптер и хелиодром. До сега хелиодром поседуваше само Клиничкиот центар, но без сопствен хеликоптер за транспорт на пациенти.