Дома Македонија Најчевска: Како е можно Бучковски наместо во Идризово, да го викаат по...

Најчевска: Како е можно Бучковски наместо во Идризово, да го викаат по телевизии

Професорката Мирјана Најчевска има една дилема во врска со нејзиниот колега Владо Бучковски: ,,Зошто е Бучковски на телевизија наместо да биде во затвор? Што стана со неговиот криминал?

Што стана со пресудата? Зо што го претставуваат како поранешен премиер, а не како денешен осуден за криминал од големи размери? Нешто сум пропуштила?”

Па потоа во коментар се дообјаснува:

-Владо Бучковски побара да се одложи и следното рочиште на 20 септември бидејќи е поканет да присуствува на научна конференција што ќе се одржи во Софија, Бугарија, од 19 до 21 септември, на тема поврзана со претстојниот референдум во Македонија. На судот му ги достави и поканата на бугарски јазик и барањето за отсуство заведено од Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ.

Обвинетиот Нелко Менкиновски, пак, замоли да нема рочиште до 1 до 10 октмври бидејќи бил водач на туристичка тура. Обвинителот не реагира на барањата за подоцнежно закажување на рочиштата. Судијката Даниела Алексова Стојановска закажа 3 рочишта, од кои првото е на 6 ноември, пишува Најчевска.