Дома Македонија Мила Царовска: Пензионерите да спијат мирно – пензиите сигурно ќе си ги...

Мила Царовска: Пензионерите да спијат мирно – пензиите сигурно ќе си ги добиваат

Пензискиот систем се стабилизира, а дупката во пензискиот столб е се помала изјави министерската за труд и социјална политика Мила Цароска.

Пензионерите не треба да стравуваат за сигурноста на своите примања бидејки во континуитети имало покачување на пензиите кои од првичните 13200 денари сега достигнале до 14600 денари.

Имаме квалитетни пензии за сегашните пензионери но важно е дека и идните пензионери кои денеска инвестираат во фондот треба да бидат сигурни дека ќе ја дочекаат својата пензија.Од 3 милијарди колку што беше во 2006 година стигнавме до 17-18 милијарди денари дупка.

Со тоа што ние сега одиме со минус 3,5-4 милијарди оваа година.Што значи за прв пат се исплатија пензии без да има позајмици и тоа е голема работа – изјави Мила Цароска- министер за труд и социјална политика.