Дома Македонија Филипче најави: Платите за докторите ќе стигнат до 100.000 денари

Филипче најави: Платите за докторите ќе стигнат до 100.000 денари

Во однос на одливот на кадри продолжуваме со нашите политики за инвестирање во човечкиот капитал после зголемувањето на платите и дежурствата на здравствените работници минатата и оваа година продолжуваме и натаму.

Loading...

Во овој момент се прават пресметки за тоа колкава сума на пари од централниот буџет треба да се одобри и да се зголемат дополнително платите на лекарите специјалисти, со цел согласно нашите ветувања следната година да стигнат до 100 илјади денари, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.

– Не ги забораваме и медицински сестри и средниот персонал кој е составен дел во работата на сите јавни здравствени институции за зголемување и на нивните примања, додаде Филипче, одговарајќи на новинарско прашање пред почнувањето на 41.

Пленарен состанок на здравствената мрежа на Југоисточна Европа за работната сила во здравството во регионот на ЈИЕ.

Loading...