Дома Балкан Чичко Хасан на триесетина сиромашни деца им плати одмор на море

Чичко Хасан на триесетина сиромашни деца им плати одмор на море

Хасан Османчевиќ, претприемач од Сански Мост, овозможи петдневно летување на море за триесетина деца од сиромашни семејства.

Станува збор за сопственик на апартмани во хрватскиот град Водице кој оваа година одлучи многу добрите и одличните ученици, чиишто родители не можат да си дозволат да им платат одмор, да ги пречека и да им овозможи петдневен одмор по завршувањето на школската година.

За жал, живееме во општество со големи социјални разлики и одењето на море за голем број родители и деца е невозможна мисија. Затоа решив да го преземам овој чекор и да ги наградам учениците со добро поведение и многу добри и одлични оценки, вели Османчевиќ.

Медиумите во Босна и Херцеговина објавија дека во акцијата се вклучила и компанијата “Маспромет“ која обезбедила бесплатен превоз за децата кои пред два дена тргнаа на море.