Дома Останато (ВИДЕО) До сите баби и дедовци: Ви благодариме, не би можеле да...

(ВИДЕО) До сите баби и дедовци: Ви благодариме, не би можеле да го направиме ова без вас

Кога мажите и жените ќе станат родители, тие учат што значи безусловна љубов, но и бесконечна одговорност. Животот на едно мало човече целосно зависи од нив, а тоа не е воопшто лесно.

За среќа, во сликата најчесто се присутни уште неколку личност кои помагаат кога е најтешко, кои го жртвуваат слободното време за да пружат рака, кои не гледаат во часовникот кога е потребна помош, кои се тука во добро и лошо. Тие личности се бабите и дедовците.

Motherly создаде емотивно видео полно со благодарност до сите баби и дедовци кои се грижат за своите внучиња и кои им помагаат на новите родители кога тоа им е најпотребно:

To all of the grandparents—thank you

To all the grandparents—we couldn't do this without you. Happy National Grandparents Day! 💕

Публикувахте от Motherly в Неделя, 9 септември 2018 г.

До најдобрите баби и дедовци на светот:

Не би можеле да го направиме ова без вас.

Вие бевте покрај нас од почетокот.

За раѓањата, прославите, тешките моменти и ноќните излегувања.

Ги споделувате вашите приказни, рецепти и животни лекции.

Го споделувате вашето време.

Ви веруваме како на никој друг.

Секогаш бевте покрај нас – ни пруживте помош, уште еден пар очи, уште еден пар раце.

Никогаш не би можеле да ви се оддолжиме за сè што ни дадовте.

Па, сè што можеме да кажеме е:

Ве цениме, благодарни сме што ве имаме.

Од дното на нашите срца: Ви благодариме.

Не постои друга љубов како онаа на бабите и дедовците.