Дома Балкан По објавените нови снимки, Еди Рама најави тужба за Германски новинар

По објавените нови снимки, Еди Рама најави тужба за Германски новинар

Германски „Билд“ објави нови снимки од прислушувани разговори на кои се слуша како функционери на владеачката албанска партија, Социјалистичката партија, се договараат за закани, купување и манипулација со гласови во пограничниот град Пешкопеј.

Во прислушуваните разговори се слушаат гласови на актуелниот албански премиер Еди Рама, поранешниот министер за економија Дамјан Ѓијнури, директорката на албанското министерство за внатрешни работи Арбен Кеши и други функционери од таа партија, пишуваат медиуми од регионот.

-Прислушуваните разговори потекнуваат од „досие 184“ кое три години стоело во фиоките на албанското обвинителство-пишува новинарот Питер Тиде.

На една од 16 објавени снимки премиерот Рама во телефонскиот разговор со Кеши на денот на изборите прашува дали се реализирани поставените цели на што соговорникот одговара потврдно.

Албанскиот премиер по тој повод најави тужба против германскиот новинар Питер Тиде. Рама на Твитер напиша дека одлучил ова прашање да го покрене на суд во Германија, бидејќи таму правдата „не си игра со тајните на една истрага, достоинство на граѓаните и почит кон државата“.