Дома Македонија Мигрантите кај гевгелиско престојуваат во климатизирани простории, но тоа не е се

Мигрантите кај гевгелиско престојуваат во климатизирани простории, но тоа не е се

Мирна и пред сѐ спокојна слика нѐ пречека во транзитниот центар за мигранти „Винојуг“ во Гевгелија. Нашиот престој овде мина речиси незабележително, затоа што поголем дел од бегалците беа во своите постели. Вработените од Црвен крст нѐ информираа дека бегалците доцна легнуваат, па затоа и не можевме да ги забележиме со нашиот објектив.

28 Лица престојуваат во центарот претежно од Авганистан, Сирија и Пакистан, од нив 14 се деца. Овозможување на престој и основните животни потреби се дел од условите што ги нуди центарот.

Бегалците се сместени во контејнери кои сепак во овие летни услови се климатизирани, тие немаат некоја поголема желба освен да заминат по својот зацртан пат. Задржувањето овде, во транзитниот центар Винојуг е неминовна, но многу често и кратка.

Децата кои се сместени во центарот добиваат пристојни услови за живот и во мозаикот што ја сочинува нивната животна судбина овде се вклопува и детската градинка која нуди повеќе можности. Деца од најмала па до 18 годишна возраст можат да престојуваат овде добивајќи едукација и воспитување од стручни лица.

Педагог и психолог се грижат за застапување на сите едукативно-образовни форми, со доволен број часови и по предметите од јазиците.

Целата сторија проследете ја на 1тв.

Loading...