Дома Останато Мајка и ќерка пилоти го инспирираат светот

Мајка и ќерка пилоти го инспирираат светот

На лет од Лос Анџелес до Атланта една жена побарала од стјуардесата дозвола за нејзините деца да го следат летот од пилотската кабина.

Стјуардесата им дала дозвола, но и кажала на мајката дека ќе бидат изненадени од тоа кој управува со авионот.

Имено, со авионот управувале капетан Венди Рексон и првиот офицер Кели Рексон. Презимињата не се никаква сличност бидејќи се работи за мајка и ќерка.

За ова слушнал и еден универзитетски професор по име Џон Р. Ватрет кој сакал лично да се увери како изгледа летањето кога животот ви е во рацете на мајка и ќерка.

На својот твитер профил, тој објави слика од пилотките Рексон и непомена дека ова бил голем лет за него, а нивната приказна треба да биде инспирација за голем број жени. Твитот стана вирален бидејќи доби над 50.000 лајкови.

Тоа било инспиративен момент за Ватрет кој се залага за поголем диверзитет во аеронаутиката. Жените пилоти сертифицирани од страна на Федералната администрација за воздухопловство учествуваат со околу 7 проценти во вкупниот број пилоти кој изнесува 600.000 илјади.

“Првиот офицер имаше одличен пример за да стане пилот – нејзината мајка“, рече тој. “Тоа е добро за воздухопловството, а инспиративно за сите нас“, заклучува Ватрет.