Дома Балкан Добил 200.000 евра на лотарија но се уште не ги зема поради...

Добил 200.000 евра на лотарија но се уште не ги зема поради една бизарна причина

Во хрватско гратче со 14.500 жители се зборува дека еден од нив станал милионер, но никој не знае кој.

Добитното ливче било уплатено во единственото уплатно место во гратчето Иванец, меѓутоа среќниот добитник се уште не се јавил.

Мнозинството од мештаните не знаат кој би можел да биде победникот. Само со жалење велат дека им е жал што тоа не се тие.Некои пак тврдат дека идентитетот на новопечениот милионер е познат, пишува РТЛ.

И тие се фрлија во потрагата по среќникот кој со 70 куни успеал да освои еден и пол милион куни или нешто повеќе од 200.000 евра.

Многумина да се на негово место веднаш би дале отказ, меѓутоа неговите сограѓани велат дека тој се уште оди на работа. За пошироката јавност, секако, тој не сакал да го открие својот идентитет.