Дома Македонија Чичко Добре откри зошто ја затвара порано својата гостилница во Старата битолска...

Чичко Добре откри зошто ја затвара порано својата гостилница во Старата битолска чаршија

Спуштени кепенци, затворени врати, дуќани на продажба и на изнајмување, пусти улици… Тоа е сликата во Старата битолска чаршија, која може да се забележи во овие топли јунски денови.

Еден од ретките што може да се затекнат во чаршијата е познатиот битолски угостител Добре, кој со децении има гостилница тука, но и тој уште во раните вечерни часови како да брза да ја затвори.

На нашето прашање зошто толку многу брзо затвора, нашиот соговорник Добре одговори дека, иако работното време му е до 22 часот, сепак тој секогаш затвора по 17 ч., затоа што по тој период не само што во чаршијата нема човек ни со борина да најдеш туку е и опасно да бидеш отворен, зашто лесно можеш да настрадаш од бездомниците и наркоманите, кои во тој период се најчести посетители на чаршијата.

Притоа тој нѐ упати да погледнеме зад неговиот ресторан, во еден напуштен дуќан, да снимиме колку само шприцеви има.

Целата сторија проследете ја на Нова Македонија

Loading...