Дома Свет Нема повеќе “гага” возење – Германија воведува патарини, ќе плаќаат помалку оние...

Нема повеќе “гага” возење – Германија воведува патарини, ќе плаќаат помалку оние со понови возила

Германскиот министер за транспорт Андреас Шуер – од баварската ЦСУ, чие изборно ветување беше да се воведат патарини – сака да започне со наплата во октомври следната година. Подготовките за ова се веќе во тек.

Во последната година државата има склучено договори со компании кои треба да го реализираат тоа. Надоместокот е замислен со воведување вињета за десет дена, два месеци или една година, а нивната цена ќе зависи од количеството на штетни издувни гасови на возилото.

Така, вињета ќе чини помеѓу пет и петнаесет евра за десет дена, за два месеца помеѓу 16 и 30 евра и за една година помеѓу 74 и 130 евра. Основата за пресметување на оваа цена е комбинација од евро-норма и големина на возилото. Винетите ќе може да се купат преку интернет, мобилни апликации или на одредени станици на автопатите.

Приходите треба да се потрошат за изградба на нови и поправка на постоечките патишта.

Според сегашните пресметки, германската држава би можела да собере околу 3,85 милијарди евра годишно. Од тоа, три милијарди ќе дојдат од германските сопственици, кои сепак ќе се вратат на данок повторно. Останатите 850 милиони евра ќе пристигнат од странски возачи.

Според проценките, одржувањето и контролата на патниот систем, Германија троши околу 245 милиони евра. Според тоа, околу 600 милиони би можеле да се инвестираат во изградба и реновирањето на патната мрежа.