Дома Останато Вчера слета мајка ми од Америка и ми рече: Синко, незнам за...

Вчера слета мајка ми од Америка и ми рече: Синко, незнам за кого ми е повеќе жал, за сестра ти што е таму, или за тебе што си тука

Сестра ми веќе неколку години живее и работи во една сојузна држава, во Соединетите Американски Држави. Таа таму отиде како студент, се школуваше и работеше, но кога заврши едноставно ни рече, јас сакам да останам овде.

Во меѓувреме се омажи и има дечиња. Нејзиниот и животот на нејзиното семејство, сега е целосно фокусиран на функционирање во економски најсилната држава во светот. Тие во Македонија доаѓаат само на одмор.

Пред околу два месеци, во посета на мојата сестра отиде мајка ми. Ако на некој му беше најтешко овие неколку години, тоа сигурно беше мојата мајка. Позната е посебната поврзаност меѓу мајка и ќерка.

Сега е малку полесно од порано. Преку социјалните мрежи колку-толку се ублажува болката од далечината на најмилото, но сепак, не е тоа, тоа.

Мајка ми вчера се врати и беше полна со впечатоци. Раскажуваше за безгрижниот живот, за културата која владее таму на секој чекор, за редот и поредокот, за неоптовареноста на лиѓето со политика, за тоа колку заработуваат сестра ми и зет ми, за тоа како се едуцираат моите внуци…

На крајот, кога малку се замисли, мајка ми ми рече:

,,Синко, досега ја жалав сестра ти која е далеку од нас со години. Но сега, од кога бев и видов кај живее, искрено, повеќе ми е жал за тебе што си тука!”

С.П. Фото:  Илустрација

Името и презимето познати на редакцијата. Авторски текст, не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Балкан.