Дома Останато Во Русија пронајдена глава од волк стара преку 40 илјади години (ВИДЕО)

Во Русија пронајдена глава од волк стара преку 40 илјади години (ВИДЕО)

Студот и мразот на Сибир, каде што остатоците се пронајдени, придонеле тие да се во одлична состојба, па може да се видат крзното, забите, мозокот и другите делови на главата.

Станува збор за животно од древен подвид на волци, што живееле во исто време со мамутите и изумреле во приближно ист период.

Научниците проценуваат дека станува збор за возрасен волк, кој бил за околу 25 отсто поголем од денешните просечни волци.