Дома Магазин Јелена Карлеуша ги загуби нервите – се нафрли врз новинар да го...

Јелена Карлеуша ги загуби нервите – се нафрли врз новинар да го тепа (ВИДЕО)

Јелена Карлуша се чини доживува “нервен слом”. Таа го изгуби трпението во борбата против некои од српските медиуми за кои постојано објавува дека прават медиумски линч кон неа и нејзиното семејство. Овој пат нештата отидоа многу подалку од коментар и судска тужба.

Имено, фотографот на српскиот портал Курир.рс сакаше да ја фотографира додека таа е во посета на гробот на мејзината мајка Дивна Карлеуша, по што пејачката пукна, излезе од автомобилот и тотално збесна кон фотографот Владимир Шпоровиќ.

На објавената снимка се гледа како таа приоѓа кон неговиот автомобил и почнува да вика, а во еден момент го плукна во лицето.

Извор: Вистина