Дома Македонија Се огласи Љубчо Георгиевски: Изјавите за кои викаат дека се од вчера...

Се огласи Љубчо Георгиевски: Изјавите за кои викаат дека се од вчера се од пред повеќе години

Вчера некои портали и јавни личности лажеа дека Георгиевски дента дал изјава за Штипска телевизија во која говорел за Гоце Делчев. По тој повод, денес на социјалните мрежи се огласи Љубчо Георгиевски:

,,Во последните денови излегоа повеќе текстови и видеа со мои изјави. Сакам да ве информирам дека во последната година не сум давал никаква изјава со историска проблематика.

Сите видеа и изјави се стари повеќе од пет години а некои дури и триесет. Добро е што ги објавуваат некои медиуми само да не пишуваат дека се дадени вчера. А на тие што не им се допаѓа содржината нека се спротистават со факти а не со етикети.”

Интересно е што речиси сите го напаѓаат Георгиевски за неговите статови, но апсолутно никој не понуди контра тези со кои би го демантирале.