Дома Свет Протести во Швајцарија – мали им биле платите (ВИДЕО)

Протести во Швајцарија – мали им биле платите (ВИДЕО)

Жените , со светловиолетиви транспаренти излегоа со бебешки колички на протестен марш , а во Берн се застанаа во протестен собир пред зградата на парламентот. Пратеничките излегоа на 15 минути и облечени во виолетово им се приклучија на другите жени .

Во Лозана протестите почнаа од ноќеска , каде жените околу полноќ се собраа пред катедралата , чија камбанарија беше обоена во светло виолетова боја.

Во Цирих мотото на пртотестот беше ,,Мажи фатете се за пеглите!” Министерот за внатрешна политика , задолжен и за социјални прашања, Ален Берсет , на Твитер објави поддршка за жените и предупреди дека тие се жртви на семејно насилство и разликите што постојат меѓу мажите и жените во платите и пензиите.

За бизнисмените овој штрајк е незаконски и е прв женски штрајк од 1991 , кога штрајкуваа половина милион жени низ целата земја. По пет години од овие протести беше донесен закон за рамноправност на жените на работното место , вклучително и висината на платите , што не се спроведува.