Дома Македонија Ноќеска се нишаа Охрид и Струга – исплашени туристи и мештани излегуваа...

Ноќеска се нишаа Охрид и Струга – исплашени туристи и мештани излегуваа надвор

Ноќеска околу два часот и петнаесеттина минути по полноќ, земјотрес со умерено висок интензитет беше почуствуван во Охрид и во Струга. Жителите ги разбуди непријатно тресење и нишање кое траело околу седум секунди.

Епицентарот на земјотресот од 3,7 степени бил во селото Косел близу Охрид:

,,Некои не ни осетија, но ние излеговме надвор, каде имаше повеќе грашани кои изплашени ги напуштија становите и куќите. Дојдени сме овде на одмор и ова е навистина непријано чувство”, вели Скопјанка која во моментов со семејството е во Охрид.

Охриѓани и туристите се потсетуваат на серијата земјотреси од пред две години, кога имаше напукнати ѕидови, паднати тераси, оштетени возила. Тогаш тлото во Охрид и Струга се тресеше речиси цел месец, а многу граѓани ноќите ги поминуваа надвор во шатори.