Дома Македонија Калина Коси: И што ако ни дадат датум, ќе го славиме ли...

Калина Коси: И што ако ни дадат датум, ќе го славиме ли како државен празник

Калина Коси: ,,И да ни дадат датум за почеток на преговори со ЕУ, што со него? Ќе организираме национална прослава на плоштад? Ќе го маркираме во календар? Ќе го славиме како државен празник?

Кога гледам што ни се случува и како од ден на ден се подлабоко тонеме, не сум воопшто еуфорична. Напротив, загрижена сум за нашата иднина во оваа држава.

Нема да има тој датум апсолутно никакво значење ако не ги засукаме ракавите, ако не ги спроведеме реформите што ни ги трубат цело време и ако не се освестиме конечно дека ни треба целосен рестарт на мајндсетот и целосна промена на вредностите како народ!

Без тоа, како што и очекувам дека ќе биде, датумот ќе си биде само датум. Како денешниов 13.06.2019, сосема обичен датум, кој си дошол на ред и ќе си помине без суштински промени од вчера и без суштински разлики од утре. Статус кво. Состојба која отсекогаш ѝ одговарала на било која власт.

Аспирациите деклaративно ни растат, ама ако може на патот кон новото, да си продолжиме по старо. Невозможна мисија! Тоа ли е иднината која ја посакуваме за себе и своите деца?”