Дома Македонија Јоци: Заради “вечниот ” директор на Луна Парк немаме мир навечер, оној...

Јоци: Заради “вечниот ” директор на Луна Парк немаме мир навечер, оној де на Грујо кадарот

Статус на Јорданка Ивановска Јоци: ,,Зошто дискотеките од ПАРК и понатаму ќе ве оставаат без сон. Се сменија куп влади и куп градоначалници, само Миодраг Атанасиевски, директорот на ,,Луна” ДООЕЛ е ВЕЧЕН. Таму е буквално ,,уклесан” уште од времето на Пенов, од ЛДП е човекот. И уште оттогаш се прогласува за ненадлежен.

Мислам дека новиот Луна парк, ако некогаш се изгради, треба да се вика ,,Миодраг”. Е, до толку е надреален човекот. Последен пат кога се видовме на масата имаше некоја статуа од Александар Македонски. И дури ми фати некој муабет како го познавал Груевски уште од времето док беше член на Совет на Општина Центар. И ми стана јасно зошто Коце го оставил, т.е. не го смени.

Сега пошто други времиња, ваљда од маса ја тргнал статуетката со Александар и обесил на ѕид некоја струмичка ,,ајварка”.

Цитат : “Но наместо рушење, во вторникот, на седница на Совет мистериозно се појави точка на дневен ред со која се предвидува Град Скопје да и даде надлежност на Луна дооел да потпише договори за закуп. Зад барањето на дискотеките да им се даде можност да извадат лиценци застанале девет советници претежно од СДСМ, а тоа се: претседателката на советот Љубица Јанчева, Саит Алеиви, Менка Гугуловска, Михаела Иванова, Александра Јовановска, Славче Јовановски, Ибуш Јусуфи, Христа Најданов и Петар Шапе.”