Дома Останато Духовден не е празник на покојните и не се оди на гробишта...

Духовден не е празник на покојните и не се оди на гробишта – да научиме веќе еднаш како е правилно

Во недела е Духовден, празникот на живите и роденденот на црквата!

Светата педесетница, е денотб кога црквата го слави својот роденден, бидејќи на тој, ден Светиот Дух се симнал на апостолите Христови.

Не се оди на гробишта, туку е добро да се посети некој од нашите храмови и да се присуствува на литургија. Духовден е еден од дванаесетте најголеми Христијански празници.

Има едно погрешно верување меѓу народот дека Духовден се вика поради душите на починатите. НЕ! Духовден се нарекува поради празнувањето на Светиот Дух, откривањето на третото лице на Света Троица, а не заради душата на починатите!

– Овој празник, всушност, означува роденден на црквата, зашто со слегувањето на Светиот Дух се основа црквата, се собираат апостолите и сите оние кои поверувале и биле крстени од нивна страна, сите се собираат во едно тело чија глава е самиот Господ Исус Христос – додава свештенството.