Дома Останато Престанете да носите храна на гробишта, си правите грев – како е...

Престанете да носите храна на гробишта, си правите грев – како е правилно за Задушница и Духовден

Православната религија, православната цеква признава само бескрвни жртви кои се принесуваат кон Бога или во име на некој наш ближен. Тоа се свеќата, пченицата и лебот.

Со преминувањето, упокојувањето, човекот завршува со световните задоволства, храна, пијалоци,… Од тој момент натаму, тој не може повеќе ниту да се моли за Бог да му ги прости гревовите, па затоа, многу е важна молитвата за простување на неговите гревови, од страна на неговите ближни.

Па така, носењето храна и пијалоци на гробовите има само една паганска, народна симболика. Доколку сепак сте подготвиле храна, наместо да ја оставите на гроб, кај што ќе биде осквернавена од страна на животните, вие, во име на покојниот дајте ја на некој кому му е потребна.

Црквата особено апелира да не се оди на гробишта на Духовден, иако народните верувања се поинакви. Духовден е празник на живите, роденденот на црквата! Има едно погрешно верување меѓу народот дека Духовден се вика поради душите на починатите.

НЕ! Духовден се нарекува поради празнувањето на Светиот Дух, откривањето на третото лице на Света Троица, а не заради душата на починатите! Значи уште еднаш, слегувањето на Светиот дух врз апостолите Христови, нема никаква врска со душите на упокоените.

Духовден е празник на живите, роденден на црквата. Чест и молитва за упокоените се прави во сабота,на задушница  и не со гозби на гробиштата, туку со достојно одбележување, молитва за упокоениот за простување на гревовите.

Петар П.