Дома Економија Барам работник, плата 500 евра, пријавен, К-15, платен одмор – покачувањето на...

Барам работник, плата 500 евра, пријавен, К-15, платен одмор – покачувањето на платите ќе го запре иселувањето

Балкан пред неколку денови пишуваше за состојбите во економијата, особено во малите бизниси, кои сè повеќе почнаа да се соочуваат со проблемот – недостаток на персонал за работа.

Заклучокот во тој текст беше дека веќе не е прашање дали, туку моментот кога платите во Македонија ќе почнат да се покачуваат. Нашиот новинар во огромен маркет во една скопска населба, констатираше само три вработени во целла смена, а притоа огромни редици купувачи, кои реално не можеа да бидат опслужени од вработените.

Денес на социјалните мрежи се појави оглас кој ги потврдува нашите тези:

,,Барам пекар за работа, плата петстотини евра, два леба за дома, К-15, платен годишен одмор, осум часовно работно време”, пишува во огласот.

Ако направиме мала анализа, што добива, а што губи пекар кога би отишол да работи во странство, заклучокот би бил дека за 500 евра плата, подобро е да си остане дома. Зошто

Затоа што ако отиде да речеме во Германија, тој сигурно би земал од 1500 до 2000 евра плата. Но од тие пари, ќе мора да одвои околу 200 евра месечно за превоз до и од работа. За стан, (доколку е сам, без фалимија) ќе мора да издвои околу 500 евра (доколку е со фамилија и повеќе). За јадење и комуналии минимум уште 500.

Каде му е социјалниот живот, каде е излегувањето, барем во петок или сабота. Едно пиво во ресторан или кафе-бар е десет евра.

Во огласот погоре прочитавме дека газдата на идниот работник, покрај сите услови кои му ги нуди, му дава и оброк за време на работата. Доколку е станбено обезбеден, пекарот навистина треба да се размисли дали воопшто вреди да оди надвор од државава.

Сега, овој тренд, неминовно е да почне да се провлекува и во останатите дејности во угостителството, градежништвото, трговијата. Секој газда, пред да почне со приватен бизнис, или оние кои веќе работат, мораат да седнат и да направат нова калкулација за евентуалната добивка, бидејќи, од својот дел, сега мораат да издвојат повеќе за своите вработени.

Доколку сакаат да продолжат да работат, во спротивно ќе мораат да стават клуч на врата.

П.П.