Loading...
Потешко од очекувањата, со резултат 26-25 Македонија успеа да го скрши отпорот на репрезентацијата на Турција, која две третини од мечот беше рамноправен противник, па дури и водеше со неколку голови разлика.
Иако на почетокот Македонија водеше, на полувремето Турција водеше со 13-11.
Инаку ова е веројатно најнеуспешниот квалификациски циклус за нашата селекција, со оглед на тоа што се случи и своевиден срам, кога загубивме од репрезентацијата на Грција.
Ова е трета победа во овие квалификации, со која речиси сигурно се пласираме на следното Европско првенство кое ќе се одржи следениот Јануари во Австрија, Шведска и Норвешка.
Loading...