Дома Македонија Јоци бара оставка од Шилегов: Потфрли целосно и разочара – толку му...

Јоци бара оставка од Шилегов: Потфрли целосно и разочара – толку му е капацитетот

Статус на Јорданка Ивановска Јоци: ,,Дечките од граѓанската иницијатива #НаМегдан ми се јавија за неколку прашања до скопскиот градоначалник Петре Шилегов, кој деновиве јавно, на организиран настан, ќе одговара на граѓански критики.
Имам само едно прашање до актуелниот прв човек на Скопје, Петре Шилегов

Да не го тупиме со 200 прашања и потпрашања, и така да одолговлекуваме, нали, Irena Sterijovska?

Loading...

Дали, по две години неуспешно и најблаго кажано – катастрофално работење на сите нивоа, ќе најде во себе сила, храброст и доблест да си поднесе оставка на функцијата Градоначалник на Град Скопје и местото да го препушти на друг човек, кој, точно би знаел да ја менаџира метрополата и да ги задоволи граѓанските потреби и очекувања ?

Во прилог, дел од изборната програма на Шилегов именувана како ,,Живот за сите”, според мене – неостварена речиси во 98 отсто. Што е сосема доволно и самиот да се прогласи и да си признае дека е неуспешна прикаска на новата функција и да се врати онаму каде сосема одлично ,,плива” и е успешен – на адвокатурата.

Потфрли целосно, не беше подготвен за предизвикот, не знаеше што го чека, уште не знае, толку му е капацитетот, просто разочара. Срдечен поздрав, ЈИЈ”

Loading...