Дома Балкан Захариева околу договорот за Гоце Делчев: Нив 75 години ги лажеле и...

Захариева околу договорот за Гоце Делчев: Нив 75 години ги лажеле и сега е тешко да им објасниш

Во интервју за бТВ, министерката за надворешни работи и вицепремир на Бугарија Екатерина Захариева, вели дека нема да прави компромис со датумот и не е согласна заедно да се слави на 7. Октомври, пренесува весникот „Сега“.

„Повеќето Бугари не слушнале за овој датум, датум на едно од најголемите предавства на БКП. На 7. Октомври 1946 година под притисок на Сталин и Тито кои не сакаа голема
балканска држава во лицето од Бугарија, Георги Димитров ги испрати коските на Гоце Делчев во Скопје“, вели Захариева.

Министерката изјави дека најважните прашања за Бугарија, за што комисијата треба да постигне согласност, се Гоце Делчев и Илинденското востание. Таа истакна дека е постигната согласност за средновековната историја – за делото на св. Св. Кирил и Методиј, за цар Самуил и за св. Наум, но истакна дека Гоце Делчев и Илинденското востание се „клучни“,  пренесува бугарски „Дневник“

Министерката вели дека откако во текот на 75 години, генерации во С. Македонија растеле во лаги, нема како за една и пол година да се направи пресврт.

,,Јас не сум да се пишува нова историја, туку да се признае вистината”, категорична е Захариева.