Дома Балкан (ВИДЕО) Влора Читаку, амбасадор на Косово во ОН – Дачиќ ми рече:...

(ВИДЕО) Влора Читаку, амбасадор на Косово во ОН – Дачиќ ми рече: “Глупи сте колку сте тешки”

Тензиите помеѓу Србија и Косово на сите нивое не престануваат. Ова особено по воведувањето на високите царини за српски производи на Косово. Најнова е кавгата меѓу српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ и амбасадорката на Косово во ОН, Влора Читаку:

„По денешната седница на СБ на ОН, додека разговарав со делегациите на САД и Велика Британија, српскиот министер за надворешни работи дојде до мене викајќи и ме навредуваше мене и косовската делегација“, објави Читаку на „Твитер“.

„Тие со коишто седиш се ваши колонизатори“, рекол Дачиќ, напиша Читаку.

Овој коментар на Дачиќ се однесувал на говорот на Читаку, а во кој рекла дека во случајот на Србија и Косово станува збор за деколонизација.