Дома Македонија Власта ќе воведува дуално образование – децата од 16 години ќе работат...

Власта ќе воведува дуално образование – децата од 16 години ќе работат и ќе земаат плата

Вицепремиерот за Економија во Владата на Северна Македонија, Кочо Анѓушев, синоќа во гостување на 1ТВ, ја најави стратегијата на владата во образованието.

Анѓушев открива дека планот е да се зголемат квотите во техничките училишта, за сметка на гимназиите, бидејќи, во моментов има побарувачка од 18 илјади работници, претежно инжењери и среден технички кадар, кој во Македонија недостасува.

Интересен е проектот Дуално образование, кој функционира во многу развиени западно европски држави:

,,Ученикот во втора или трета година од средното образование одлучува дали сака да се вработи во компанија која кореспондира со струката која тој ја изучува. Компанијата го пријавува ученикот и тој на пример два дена во неделата оди на училиште, а три дена оди на работа.

Единствената обврска на ученикот ќе биде, три години по завршувањето на средното образование, да работи во истата компанија. Тоа би значело дека доколку се одлучи да студира, студиите би ги започнал на 22-23 години. Тоа во моментов функционира во Германија, потенцираше Анѓушев.