Дома Балкан Се распаѓа партијата на Каменос – нема да учествуваат на претстојните избори

Се распаѓа партијата на Каменос – нема да учествуваат на претстојните избори

Некогашниот коалиционен партнер на Ципрас, Независни Грци, соопшти дека нема да учествува на предвремените избори. Шефот на партијата и поранешен министер за одбрана Панос Каменос вчера изјави дека неговата партија „го слушнала гласот на Грците“.

На европските избори Независни Грци , кои имаат националистичка програма насочена против европскиот чадор за спас, освоија само 0,8% од гласовите.

На последните парламентарни избори во Грција во 2015 година Независни Грци имаа 3,7% од гласовите. По коалициските преговори со левичарската Сириза, станаа дел од владата на Алексис Ципрас. За премиерот тие беа важни за стигнување до мнозинство гласови со цел да се изгласаат, во Грција спорните, програми за штедење.

По постигнувањето на согласност за решавање на спорот за името помеѓу Ципрас и македонскиот премиер Заев, Каменос во јануари се повлече од функцијата министер за одбрана и најави повлекување на неговата партија од владата.