Дома Македонија Кочо Анѓушев: Министерот за здравство на Германија побара од нас 50 илјади...

Кочо Анѓушев: Министерот за здравство на Германија побара од нас 50 илјади медицински сестри

Вицепремиерот за економија во владата на Северна Македонија, денес на гостување во 1ТВ, одговараше на прашања поврзани со економијата во нашата држава.

Тој истакна интересен момент од конференција во Давос, кога средба со нашата делегација побарал Министерот за здравство на Германија.

,,Тој побара од нас педесет илјади медицин ски сестри, рече Анѓушев. Нормално дека ние го одбивме, бидејќи прво не располагаме со толкав кадар, а второ и нас ни требаат медицински сестри”, рече Анѓушев.

-Светот е во моментов отворен и секој може да оди каде сака, но ние како држава мораме да направиме сè да создаваме кадар кој ни е потребен, а тоа се пред сè кадри од техничките струки, како и од медицинските струки, потебцираше Кочо Анѓушев.