Дома Спорт Дарко Чурлинов за вечер одлучи да гази со патриотски копачки (ФОТО)

Дарко Чурлинов за вечер одлучи да гази со патриотски копачки (ФОТО)

Дарко Чурлинов ќе ја чека својата шанса за настап на вечерашниот квалификациски меч со Австрија за Европско првенство 2020 со специјално дизајнирани копачки со патриотски мотиви.

Покрај македонското државно знаме, спортските обувки на 18-годишниот фудбалер на Келн ги краси и древномакедонски воин во борбен став.

Првиот меѓусебен дуел на Македонија со Австрија е закажан за 20:45 часот на Националната арена „Тоше Проески“ во Скопје и во него „црвено-жолтите“ влегуваат како трети во групата Г со четири бода, еден повеќе од противникот.

Во петокот избраниците на селекторот Игор Ангеловски дома загубија од Полска со 1:0, резултат со кој Австријците ја совладаа Словенија во Клагенфурт.

Извор: Експрес