Дома Останато За оние кои одат во црква, но не се причестуваат

За оние кои одат во црква, но не се причестуваат

Сѐ што правиме во Црквата Божја има за цел да се причестиме со Телото и Крвта Христови.

Доаѓаме да му се поклониме на Крстот Христов и доаѓаме да се поклониме пред Неговиот Гроб, но ако не се причестиме на и со Неговото Воскресение, ништо не сме направиле;

Ќе наликуваме на човек неразумен кој од далечна земја решил да се врати во својот дом, кај своите родители и своето семејство, и откако стигнал до него,
не влегол, туку се вратил повторно да скита низ светот, празен и без никого и ништо.

Христос е нашиот Дом, Бог е нашиот Отец, а сите Свети се нашето Семејство, во Светиот Дух Господ.

Во Своите Крв и Тело на Светата Литургија Богочовекот Христос највистински е секогаш со нас и постојано смирено им се принесува на верните во сета Своја полнота.

Во полнотата на несоздадената благодат, вистина, слобода, љубов и напросто во полнотата на сите Богочовечки дарови, потребни за спасение и за обожение на човекот.

Причестувајќи се со Христос, со несоздадената светотроична благодат (или енергија), ние, како што велат Отците, иако според својата природа смртни и ограничени, стануваме благодатно беспочетни, насекаде присутни и бесмртни.

Она што нè удостојува да се причестиме не е нашата служба, која било да е таа, па дури и свештеничка, туку нашата љубов и личносен однос со Бог и со ближниот.

Колку повеќе се предаваме себеси како принос и жртва на Бог за спасение на светот толку повеќе стануваме подобни на Христос и подготвени за заедница и за
причестување со Него.

За нас во Црквата важи следното правило: кога би можело и научно да се докаже некаква вистина дека Христос не постои, јас повеќе би останал со Христос отколку со таа вистина!“