Дома Останато Барајте аранжмани, сега е евтино – во најава е најтоплиот Јуни во...

Барајте аранжмани, сега е евтино – во најава е најтоплиот Јуни во последните години

За разлика од лани, кога во текот на целиот месец Јуни, па и добар дел од Јули, имавме повеќе есенски, отколку летни денови, со постојани врнежи од дожд, се чини дека оваа година нема да биде така.

Од почетокот на месец Јуни, времето се стабилизира, а температурите се постојан пораст, па така, вчера го имавме најтоплиот ден оваа година со температури околу триесеттиот степен.

Но висината на термометарот нема да застане тука. Во најава се уште повисоки температури, кои во текот на следниот викенд ќе се искачат и до 36 степен целзиусов.

Луѓето со поплиток џеб, но и оние кои не сакаат да одвојуваат поголеми суми од својот семеен буџет за годишен одмор, истиот најчесто го планираат за Јуни, од неколку причини.

Прво, цените во споредба со Јули и Август се за триесетина проценти пониски. Второ, денот е многу голем и се користи максимално за активности на плажа. И конечно, времето не е неподносливо топло, туку е баш пријатно, особено за постарите и за семејствата со мали деца.

Единствен проблем во Јуни може да биде времето, односно да се погодат врнежливи денови во серија, кои ќе го упропастат годишниот одмор, но се чини годинава, тоа нема да биде случај.