Дома Магазин Австралијците загрижени – познатата пејачка ги исклучила профилите и ја нема по...

Австралијците загрижени – познатата пејачка ги исклучила профилите и ја нема по објавувањето на некои фотки

Австралиската пејачка Иги Азалеја ги затворила сите свои налози на друштвените мрежи на 27 мај, кога на интернет беа објавени нејзините разголени фотографии што ги снимила за познатиот магазин „GQ“ уште во 2016 година.

После тоа ја снемало од Твитер и од Инстаграм, а како што пишива Dailymail не е достапна ни на мобилен. Нејзините пријатели се сериозно загрижени за нејзината безбедност, пишува Dailymail.

,,Многу познати жени позирале за магазинот „GQ“ со стратешки скриени места на телото. Секогаш такви насловни ми беа убави, па ја искористив приликата што ми беше дадена. Никогаш не се согласив на фотографии во топлес кои би биле наменети за објавување.

Лута сум и изненадена што фотографиите се сочувани и што веднаш не биле избришани откако беше избрана фотографијата за насловната страница. Вознемирена сум од бројот на коментари од мажи кои поради тие фотографии ми праќаа описи за тоа што би ми правеле. Во моментов сум исполнета со негативни чувства.

Се чувствувам заслепена, понижена, лута, тажна. Ова е како нуклеарна бомба која експлодирала и ме уништила емоционално” – изјавила пејачката непосредно пред исчезнувањето.

Спорната фотка можете да ја видите тука