Дома Магазин Дамјан – синот на Војо Стојановски предизвика силни емоции кај нашите во...

Дамјан – синот на Војо Стојановски предизвика силни емоции кај нашите во Австралија

Влатко Миладиноски, Дамјан Стојаноски и Златко Миладиноски ја заокружија нивната заедничка турнеја во Австралија. Сите концерти беа однапред распродадени, а се бараше и карта повеќе.

Повторно ја освоија публиката во Австралија. По шест години пауза, Влатко и Златко остварија уште една повеќе од успешна турнеја во оваа далечна земја, овој пат во придружба на нивниот братучед Дамјан Стојаноски. Влатко при гостување во ИН ТВ, ги сподели импресиите од неодамнешната турнеја.

-Со оглед на тоа што навистина концертите беа преполни, скоро секаде се бараше карта плус. Овие работи би сакал да ги споделам со гледачите, стигнавме до рекорден број на концерти.

Добивме и плакети за рекордно најуспешна турнеја, вкупно имавме 11 концерти и две приватни забави. Во Мелбурн првично беа закажани два или три концерти, многу брзо се распродадоа, па стигнавме до пет концерти само во Мелбурн и тоа сите продадени, крајно успешни.

Нашите импресии се многу позитивни и се надевам дека оставивме и ние добар впечаток кај сите тие луѓе кои што присуствуваа на нашите концерти и дека по добро ќе не паметат.-раскажува Влатко, во емисијата “Наша сцена”.

Песните “Велат не нема” и “Тешко мина докторе”, дефинитивно ја одбележаа оваа нивна турнеја. Покрај овие песни, беа отпеани уште многу нивни хитови, но исклучиво од македонската ризница.

Целиот текст прочитајте го на естрада Плус