Дома Магазин Наум Петрески открива болна вистина: Македонците во Австралија не слушаат Македонска музика

Наум Петрески открива болна вистина: Македонците во Австралија не слушаат Македонска музика

Златното грло на македонската фолк естрада, Наум Петрески се наоѓа (без својата Зуица) на подолга турнеја во далечната Австралија, а од таму со желење тој меѓу другото (преку ФБ) се прашува:

“Што е тоа што се случува со вас Македонци, дали сакате самите да се одрекнете од своето или својата музика да ја третирате за селска, а оваа другата за напредна“? Еве, што им советува, пред сè на младите во дијаспората, популарниот Наум:

– Дојдов во Австралија и забележувам дека доста работи се сменилe тука за 9 години. На пример, нашата помлада популација е навлечена сè повеќе на некои балкански забави на кои се пеат две до три македонски песни, сè другото е турбо-фолк музика.

Не е лошо да ги потсетиме младите дека додека тие се прават Балканци и Балканки и скокаат на музика измешана со српско-албанска-турско-арапска тематика, нивните баби и дедовци биле поробувани, тепани и измачувани од истите кои сега сакаат да ги прават Балканци…

На тие балканските вечери 90 проценти биле Македонци, како што имам информации, но многу слабо имало македонска музика. За голема жал, тоа истото се случува и во самата Македонија. Што се случува со вас Македонци? Дали сакате самите да се откажете од своето или од својата музика која ја третирате за селска, а другата за напредна?

Никој не ни е виновен за нашите страдања низ вековите, туку самите ние се изедовме… потпомогнати од нашите соседи кои со години наназад ни копаат гробови. Изгледа вака како што стојат работите не заслужуваме ни да се спомене името Македонија, со должна почит кон ретките, заклучува Наум Петрески.