Дома Свет За неколку години таксито во Америка и Австралија ќе биде роботизирано

За неколку години таксито во Америка и Австралија ќе биде роботизирано

Технологијата оди напред, веќе нема запирање. Електричните автомобили доживуваат експанзија. Единствена пречка во Европа засега е инфраструктурата за брзо полнење на ваквите автомобили.

Се проценува дека најдоцна до 2030 година, такси превозот ќе стане роботизиран, односно, возилата без помош од човек ќе ги превезуваат патниците. Ваквиот тренд се очекува да започне во Америка и Австралија.

Според новите проценки автономниот такси превоз ќе има вредност од два трилиона долари , односно две илјади милијарди на годишно ниво. Аналитичарите на УБС групацијата дошле до овој неверојатен износ преку симулација на такси услугите во Њујорк, а во предвид биле земени трошоците на сите автоматизирани такси возила.

Проценките говорат дека главните фактори ќе бидат сегашните компании со такви услуги како Убер и Лифт, но кон нив ќе се приклучат и производителите на автономни возила како Фолксваген , Џенерал Моторс и Дајмлер.

Значаен удел ќе има и компанијата Вајмо. ЏМ веќе ја најави премиерата на своите автономни такси возила . Станува збор за 2 500 Шевролети Болт, што ќе пружаат услуги по улиците на Сан Франциско.

Од оваа комапнија се жалат веќе на проблемите поврзани со регулирањето на сообраќајот што го попречува слободното движење на роботизираните автомобили.