Дома Свет Градоначалникот на Њујорк Бил де Блазио му возврати на Трамп – кратко...

Градоначалникот на Њујорк Бил де Блазио му возврати на Трамп – кратко ќе траеш

Откако при посетата на Британија ги нарече ,,глупави и неспособни” , градоначалниците на Њујорк, Бил де Блазио и на Лондон , Садик Кан му одговорија на претседателот Доналд Трамп. Тој изјави дека Садик Кан е губитник и брат близнак на Де Блазио, со тоа што е понизок.

Ваквите квалификации од канцеларијата на лондонскиот градоначалник ги нарекоа ,,детски навреди”. Њујоршкиот градоначалник , кој е висок 196 см напиша на Твитер дека ,,Трамп е близнак на Путин , само што неговиот мандат ќе трае пократко.”

Кан му напиша на Трамп,, Вашите вредности и она за што се залагате сосема е во спротивност со лондонските и со вредностите на нашата земја.” објави Кан во видео пораката.

Трамп на Твитер пред доаѓањето во тридневната посета на Британија напиша :,, Кан многу ме потсетува на нашиот многу глупав и неспособен градоначалник на Њујорк , кој исто така лошо работи , само што е двојно понизок.”