Дома Македонија Владата изгласа воведување нови патарини на овие патни делници

Владата изгласа воведување нови патарини на овие патни делници

Loading...

Владата на Република Северна Македонија на седница ја разгледа и усвои Информацијата согласно која е донесена Одлука за висината и начинот на наплата на надоместот за употреба на пат – патарина.

Одлуката се донесува заради воведување наплата на патарина на новите автопатни правци Демир Капија – Гевгелија, Миладиновци – Свети Николе и Свети Николе – Штип, како и заради можноста за електронска наплата на патарината со електронски бесконтактни смарт-картички и со билети за ненаплатена патарина со налог за плаќање.

Чудно е како во развиените држави, па дури и во соседна Бугарија се форсира “Вињета” системот за наплата на патната такса, а кај нас упорно се оди со изградба на нови патарини, фактор луѓе, застанување на секои дваесетина километри…

Loading...