Дома Спорт Се огласи Кире Лазаров: Чудно е како не се испокараа поради беспарицата...

Се огласи Кире Лазаров: Чудно е како не се испокараа поради беспарицата – ова е бајка

Хрватски „Индекс“ побара изјава од капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров, а тој се обиде да објасни што значи оваа европска титула за Вардар, но и за Македонија.

Лазаров рече дека Вардар докажа, дека се е можно и дека треба да се верува во чуда. Неверојатно е како во тие моменти на беспарица и секакви написи, тие не се скараа, како не се наруши тимската хемија.

Лазаров рече исто така дека она што се случи годинава е нешто поинакво, во меѓувреме си заминаа неколку важни играчи, никој не им даваше шанси дека ќе изборат фајнл-фор, а камоли да станат прваци.

– Ова е бајка, настан за кој ќе се зборува уште многу години. Вардар стана симбол дека е можно и она што за другите велат е невозможно. Вардар стана инспирација за сите луѓе во светот, не само на спортистите, туку на сите аутсајдери, а ги натера да сфатат дека во животот најважно е да веруваат, крваво да работат и да ги потрошат последната капки крв и пот за да ги исполнат своите сништа.

Тие момци седум-осум месеци не земале плата, лесно е сега ние да мудруваме, но единствената вистина ја знаат кои живееле и работеле на тој начин. Пред две години кога станаа европски прваци, беа финансиски моќни и тоа не беше големо изненадување. Но, она што се случи годинава е нешто поинакво, во меѓувреме си заминаа неколку важни играчи, никој не им даваше шанси дека ќе изборат фајнл-фор, а камоли да станат прваци.

Самите тие веруваа дека можат да направат нешто и тоа што се случи е и поважно од самиот резултат. Испратија моќна порака до сите млади спортисти дека нема изговори, како не поминуваат алиби приказни.

Нема веќе оправдувања, Вардар докажа дека се е можно и дека треба да се верува во чуда. Неверојатно е како во тие моменти на беспарица и секакви написи, тие не се скараа, како не се наруши тимската хемија. Се случи спротивното, како сите неволји дополнително да ги мотивираа, ги зближија и го активираа инаетот.

Во животот сум освоил многу работи, но ретко сум бил вака среќен, Македонец сум и среќен сум што ваква бајка е раскажана од македонска екипа. Вардар е институција и се надевам дека ова ќе придонесе да биде моќен и во иднина, – вели Лазаров за „Индекс“.