По вчерашниот голем успех на ракометарите на Вардар, кога од седум гола негатива се вратија на плус два, не престануваат коментарите од стручњаците, јавноста и играчите.
Тимур Дибиров, една од иконите на клубот под водство на Сергеј Самсоненко, не можеше да ги скрие емоциите во изјавата за Балкан Хендбол. Тој истакна дека практично и не се сеќава на последните десет минути од натпреварот.
-Се боревме за секоја топка, не гледавме кој како игра, само чекавме да добиеме шанса. Имаме големо срце, сè е нереално поврзано со Вардар оваа година. Ние сме тука за да ги правиме луѓето од Македонија среќни, такви емоции не се опишуваат. За нас е најважно нив да ги направиме среќни, поима немам како победивме, изјави Дибиров.
Dibirov:"Verovatno imamo veliko srce, ne znam sta je bilo."
Публикувахте от Balkan-Handball.com в Събота, 1 юни 2019 г.
Денес во 18 часот се игра големото финале помеѓу Вардар и Веспрем. Да им посакаме многу среќа на нашите момци.