Дома Спорт Вардар во првото полувреме делува како Барса за Веспрем

Вардар во првото полувреме делува како Барса за Веспрем

Зрела и паметна игра на Вардар во првото полувреме од големото финале од Лигата на Шампиони во ракомет оваа година.

Вардар игра многу зрело, а играта ја носат Скубе и Карачиќ. Одлична партија и на Стоилов кој постигна три гола, а особено се истакна и Бразилецот Мораеш во првиот дел од полувремето со два гола.

Резултатот на полувремето е 16-11, високи пет гола разлика, кои со оглед на зрелоста во играта на нашиот шампион, би требало да ги задржат и во вториот дел и да станат повторно Европски шампиони, по успехот во 2017 година.