Дома Спорт Па што е ова луѓе, Вардар го потопи и Веспрем – радувајте...

Па што е ова луѓе, Вардар го потопи и Веспрем – радувајте се Македонци

Loading...

Вардар вчера испиша историја. Направи нешто што досега не се случило во лигата на Ракометните Шампиони. Она што Вардар го направи е реткост и во останатите спортови. Нашиот тим успеа да се издигне од пепелта и да стигне до финалето.

Губевме со седум, високи 7 голови разлика. На полувремето беше 16-9 за Барселона, на крајот 29-27 за Вардар. Во еуфоричен финиш, Вардарци како во транс ја прегазија големата Барселона.

Но чекајтге. Тоа не е сè од Вардарци. Денес тие го зголемија својот успех. Триумфираа во финалето. Радувајте се Македонци. Вардар по две години пауза е повторно на покривот на Европа.

Вардар го победи Веспрем со 27-24  и докажа дека во овој Македонски клуб, срцата на сите што играат таму, од различни националности, чукаат како едно.

Да ги пречекаме утре шампионите како што е ред. Нека се памти оваа убавина која ни ја приредија!

Loading...