Дома Спорт Стојанче Стоилов: Сега Веспрем нека му ја мисли – ние ги победивме...

Стојанче Стоилов: Сега Веспрем нека му ја мисли – ние ги победивме најдобрите на свет

Loading...

Вардар денес го направи невозможното. Од минус седум голиви на полувремето, утакмицата ја добија со два разлика. Шпанските навивачи плачеа по мечот, не им се веруваше што им се случува.

Се чини дека проработе Балканскиот инает, проработеа емоциите и огромната желба за успех. Барселона има огромен ростер, по двајца играчи на скоро секоја позиција. Кај нас играа 8-9 играчи цела утакмица, но сепак победивме.

Капитенот Стојанче Стоилов, во свој стил со изјава по мечот:

,,Го победивме најдобриот тим во светот, Барселона. Затоа сега Веспрем треба да мисли за нас, а не ние за нив. Веспрем има поголем ростер, но еден натпревар е. Колку и да си изморен во 60 минути можеш да вложиш максимум, а потоа ќе има време за одмор“, коментираше капитенот на Вардар.

Loading...